Легендарниот боксер Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза од две децении и загуби од јутјуберот Џејк Пол.
Пол беше подобар во рингот во борбата која траеше осум рунди, но Тајсон не се предаваше лесно, па со судиска одлука беше одреден победникот.
На стадионот беа присутни повеќе од 80.000 луѓе, а милиони ја следеа борбата преку малите екрани.
Тајсон за „спектаклот“ ќе заработи 20 милиони долари, додека победникот Пол ќе добие 40 милиони долари.