Универзитетскиот колеџ во Лондон направи револуционерен развој во нанотехнологијата - ги создадоа најтенките шпагети на светот со димензии од само 372 нанометри, приближно 200 пати потенки од човечко влакно.
- За да направите шпагети, тестото го ставате во метални дупки и од нив излегуваат шпагети. Во нашето истражување ние го направивме истото, само што нашето тесто го извлекувавме со електрично полнење. Буквално станува збор за шпагети, но многу помали шпагети - вели д-р Адам Кленси.
Овој нов материјал не е храна, туку подлога од нановлакна направена од брашно, состојка богата со скроб. Благодарение на нивните извонредни својства, нановлакната може да имаат потенцијална употреба во заздравувањето на раните, регенерација на ткивата и примање лекови.
На пример, подлогата од нановлакна може да послужи како завој така што ќе држи влага, но ќе спречи бактериите да навлегуваат во раната.
Ултратенките „шпагети“ биле произведени со помош на електровртење, техника каде што електричното полнење повлекува нишки од течната смеса преку игла на метална плоча. За разлика од традиционалните тестенини, овие нанотестенини бараат прецизна мешавина од брашно и мравја киселина наместо вода.
Мравјата киселина ги разбива спиралните структури на скроб, овозможувајќи создавање на нановлакната. Добиената подлога од нановлакна е широка 2 сантиметри и видлива со голо око, но шпагетите се многу мали за да се видат со стандарден микроскоп.
Извор: fakulteti.mk