Најдосадниот пат на светот се смета делницата од 256 километри без ниту еден свијок, угорнина или надолнина, која минува низ пустината Руб ал-Хали во Саудиска Арабија.
Оваа делница е дел од саудискиот автопат број 10, кој ги поврзува Ал Дарб на југозапад со Ал Бата на исток, вкупно долга 1.474 километри и минува блиску до границата со Обединетите Арапски Емирати.
Автопатот првично бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од 1982 до 2005 година. По неговото отворање за јавноста, влегол во Гинисовата книга на рекорди како најдолга рамна делница на пат во светот.
За поминување на ова „парче“ пат потребни се околу два часа, но чувството може да биде како да стоите во иста слика. А кога по 240 километри ќе видите знак за кривина, веројатно ќе се почувствувате како жеден човек кој пристигнал на извор во пустина.
Иако изгледа идеално за брзо возење, несреќите се чести, главно поради намалена внимателност на возачите.
Извор: punkufer.dnevnik.hr