![Од април билет за едно возење во автобусите на ЈСП „Скопје“, картичката „Скопска“ со нов дизајн](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2f/3d0763f2-resize-820x0x100.jpg)
Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани, а во употреба остануваат и картичките со стар дизајн. (Фото: ЈСП „Скопје“)
ЈСП Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“ останува иста како и на старите картички. Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.
Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава, како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата.
ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт-уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги.
Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно информирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето.