Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Во кошничката спаѓаат прехранбени производи и алкхолни и безалкохолни пијалоци. Листата на сите производи кои се дел од новогодишната кошничка може да ја погледнете ТУКА.
Листата на производи е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. Во периодот од 15 декември до 15 јануари цените на повеќе од 600 артикли ќе бидат намалени и брендирани со налепници на кои ќе пишува „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“. Бидејќи се работи за консензуално решение поради што нема да има казнување, туку ќе има мониторинг дали на тие производи ќе бидат залепени налепниците за да бидат визибилни за граѓаните.
Извор: novatv.mk