Гајдата од Македонија е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Ова е шесто добро по ред од Македонија кое се најде на репрезентативната листа.
Иако ова досие за традиција за правење и свирење на гајда го впишуваме заедно со Турција, како бинационално досие поради сличноста на музичкиот инструмент, сепак посебно се слави како гајдата од Македонија впишана во унесковата листа.
Покрај гајдата, на оваа листа од Македонија се впишани и обичајот Четрсе во Штип, орото Копачката, машкото двогласно пеење од Доллни Полог, Хидрелез – славењето на пролетта, како и обијачот со мартинките.
Со конвенција донесена во 2003 година, членките на УНЕСКО изгласаа да се формира и светска листа на нематеријално културно наследство. На оваа листа се поместени духовни вредности кои и денес се практикуваат во светот, но се во опасност од изумирање. Од Македонија на оваа листа се впишани:
- Обичајот Четрсе во Штип – одбележување на празникот Свети 40 маченици (Младенци) на штипскиот Исар, прогласен во 2013 година;
- Орото „Копачката“ што се игра во Драмче, Пијанец, впишан на репрезентативната листа во 2014 година;
- „Гласоечко“ – машко двогласно пеење од Долни Полог, во 2015 година;
- Хидрелез, славење на пролетта, обичај што се практикува во Македонија и во Турција, ставен на листата во 2017 година;
- Обичајот со мартинките, во чија подготовка покрај Македонија учествуваа и Бугарија, Молдавија и Романија. И овој обичај беше ставен на репрезентативната листа во 2017 година.
Извор: sitel.com.mk