Туристичките дестинации често привлекуваат посетители со сончевото време, недопрените плажи и туристичките атракции. Меѓутоа постојат и многу места низ светот кои ги мамат луѓето да ги посетат, само врз основа на нивните уникатни имиња.
Овие уникатни локации имаат имиња кои се далеку од просечни, бидејќи некои содржат над 40 букви и честопати тешко се изговараат. Иако имињата можат да бидат малку збунувачки, објаснувањата зад имињата се навистина фасцинантни. Покрај тоа, многу од овие дестинации низ светот можат да се пофалат со прекрасни пејзажи, глетки и многу возбудливи атракции.
„Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu“, често наречен Тамута поради полесен изговор, е рид кој се наоѓа во заливот „Southern Hawke’s“ во Нов Зеланд. Името се преведува како „Врвот на кој Таматеа, човекот со големи колена, лизгачот, планинарот, голтачот на земјата кој патувал наоколу, и свирел со својата флејта на саканата“.
Според легендата, познатиот воен поглавар по име Таматеа го загубил својот брат во битката која се одржала на еден рид. Потоа, тој бил толку вознемирен што останал на ридот и свирел на неговата флејта додека тагувал. Водителите на вестите станаа вирални со нивните уренбесни обиди да го изговорат името на овој рид.
Со неверојатни 39 букви во името, „Azpilicuetagaraycosaroyarenberecolarrea“ се наоѓа во Шпанија. Тоа е најдолгото име на град во цела Шпанија, како и второто најдолго име во цела Европа. Доколку планирате да ја посетите Шпанија само за да го посетите овој град, ќе можете да уживате во прекрасните планински погледи и прекрасните зелени пејзажи, а се верува дека оваа дестинација е еден од најзелените региони во Европа и е дом на над 50 природни резервати.
„Äteritsiputeritsipuolilautatsijänkä“ е мочурлив регион во Финска. Името има 35 букви и е најдолгото име на место во Финска, а исто така и третото најдолго во Европа, доколку се вклучат имиња со празни места или цртички.
„Wytrzyszczka“ е населба во административната област на „Gmina Czchow“, во рамките на округот „Brzeski“ во јужна Полска. Се наоѓа на 57 километри југоисточно од регионалната престолнина Краков, а „Tripadvisor“ препорачува посета на замокот Тропштин кој се наоѓа во овој регион.
„Eyjafjallajökull“ понекогаш наречен само Е15, се наоѓа во Исланд. Вниманието го привлече во 2010 година за време на вулканската ерупција која го наруши воздушниот сообраќај, а за многумина претставува предизвик при изговарањето.
Извор: tocka.com.mk