Светските цени на храната пaк се зголемија и сега се највисоки во последните 19 месеци.
Светските цени на храната поскапеа четврти месец по ред во ноември и сега се највисоки од април 2023 година, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Вредноста на светскиот индекс на цените на храната (FFPI) за ноември изнесува 127,5 поени, што претставува зголемување од 0,5 отсто во однос на октомвриските 126,9 поени, соопшти ФАО.
Индексот на цените на растителното масло се зголеми за дури 7,5 отсто месечно на 164,1 поен и сега е највисок од јули 2022 година. Меѓународните цени на палминото масло пораснаа шести последователен месец. Просечната вредност на индексот на цените на млечните производи се зголеми за 0,6 отсто месечно на 139,9 поени, особено како резултат на поскапувањето на млекото во прав, путерот и сирењето, пренесува Танјуг.
Вредноста на месечниот индекс на цените на месото се намали за 0,8 отсто на 118,1 поен, како резултат на падот на цените на свинското месо и живината, како и на вредноста на индексот на цените на шеќерот, за 2,4 отсто на 126,4 поени поради подобрените изгледите за жетва во Бразил.