Секојдневно расте бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекува да надмине 800 производи кои ќе добијат пониски цени за 10 проценти, изјави во Прилеп заменик министерот за економија и труд. Една недела пред примената на мерката се пријавени 63 компании. Тој додаде и дека оваа новогодишна кошничка е поразлична од другите зашто, прво , е креирана од бизнис секторот и влегувата производителите, увозниците, дистрибутерите и трговците на големо и мало. Интересот е многу голем и секојдневно се пријавувата компании. Почетно беа околу 650 производи, сега бројката надминува 700, односно, досега се вклучени 713 производи или 63 компании кои учествуваат во оваа мерка.
Очекувањата се оваа новогодишна кошничка и опфатот на производи да стигне над 800.
Примената на мерката за новогодишната кошничка ќе почне на 15 декември и ќе трае до 15 јануари со сите производи кои му се потребни и ќе ги користи семејството за празниците, а опфатот се зголемува. До секој производ ќе стои назнаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, но и претходната и цената опфатена со намалувањето. Граѓаните не им веруваат на трговците и сметаат дека тие манипулираат со цените.
Министерството за економија и труд ги повикува другите компании да се вклучат во мерката која стартува на 15 декември.
Целата вест прочитајте ја на: vecer.press