Според британскиот весник Тајмс Попова Шапка е меѓу десетте „восхитувачки туристички дестинации“ во светот. На листата се лагуни во Исланд, францускиот гастрономски замок Белет, луксузни одморалишта во Дубаи… За Тајмс компанијата Шар аутдорс нуди ски авантури на Шар Планина.
„Формирана од група домашни авантуристи, кои израснале во македонските планини, Шар аутдорс овозможува адреналински уживања. Тие добро го познаваат задоволството на скијање по длабок снег, низ недопрени терени, и со задоволство ќе ве понесат на скијање, планинарење, возење со електрични велосипеди или истражување на планината со сродни посетители“, пишува Тајмс.
Извор: mkd.mk