Македонија зависна од цигари. Речиси 45 проценти од популацијата на земјава се пушачи. Во време кога се бара поригорозен закон за да се промени ваквата слика, зголемен бројот на повици во Советувалиштето за одвикнување од цигари на Центарот за јавно здравје...
Четириесетгодишен скопјанец кој пуши цигари повеќе од половина од својот живот се јави во Институтот за јавно здравје да побара помош да ги остави цигарите.
Доктор Мартин Петровски вели, посегнуваат по електронските цигари за да го заштитат здравјето, но само се навлекуваат уште повеќе, бидејќи тие можат да ги запалат и во затворен простор. Вели, тие им се на граѓаните број еден пријател кога ќе решат да се откажат.
Досега помош за откажување од цигари најчесто барале млади луѓе, најмладиот со којшто разговарал доктор Мартин имал 34 години. Тој има впечаток дека финансискиот трошок, цената на цигарите, им е главен мотив, бидејќи се јавуваат тие кои пушат по неколку кутии на ден. Стресот во семејството, на работа е најчестата причина поради која се посегнува по кутијата и запалката.
Бројот на линијата за откажување од цигари во Италија го има на секоја кутија цигари, откако го направиле тоа им се зголемил обемот на работа и линијата почнала да функционира 24 часа.
Според податоците на СЗО и ИЈЗ, 45,4% од возрасното население пушат цигари, најголем процент се на возраст од 18 до 45 години.
Нашиот соговорник одбра датум за откажување од пушење. „На 18 декември јас ќе ве барам“.