Во Европската унија 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето, објави „Евростат“.
Приближно половина од луѓето кои продолжиле да ја работат својата работа ја вршат под исти услови како пред пензионирањето, додека другата половина го промениле работниот однос или го намалиле бројот на работни часови, се додава во извештајот.