Сите кои досега ја фрлаа старата, износена облека и обувки во контејнери, наскоро ќе мораат да ги променат своите навики, бидејќи од 1 јануари 2025 година во земјите на Европската унија би можеле да следат парични казни.
Од 1 јануари 2025 година стапува на сила нова ЕУ директива која наложува одделно собирање на текстил. Тоа значи дека текстилот повеќе нема да смее да завршува во домашниот отпад. Наместо тоа, комуналните претпријатија за управување со отпад ќе мораат да обезбедат одвоено депонирање на текстилниот отпад за понатамошна рециклажa. Целта е текстилната индустрија да стане поодржлива и да се зголеми стапката на рециклирање во ЕУ.
„Моментално, само 22 проценти од текстилниот отпад се собира одделно за повторна употреба или рециклирање, додека остатокот често се пали или фрла на депонии,“ се наведува во соопштението на Европската комисија.
Според податоците на порталот Oekotest.de, дел од старата облека се извезува во други земји, кои често немаат соодветна инфраструктура за еколошки прифатлива обработка.
Одржлива мода
Од 2025 година, износената и ненослива облека ќе мора да се фрла во контејнери за стара облека. Целата облека и текстил, вклучувајќи и износени или оштетени ткаенини, ќе треба да се депонираат во овие специјални контејнери. Оној кој сепак ќе ја фрла облеката во мешан отпад ризикува комуналните работници да не му ја испразнат кантата.
Казни исто така би можеле да се изречат доколку надлежните органи спроведат случајни проверки.
Сепак, сè уште не е целосно разјаснето како треба да се постапува со многу извалканиот текстил.
Извор:eupravozato.mondo.rs