Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 отсто, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 отсто, ресторани и хотели за 0,8 отсто, облека и обувки, здравје за 0,2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто.
Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст oд 0,3 отсто.
Извор: nezavisen.mk