Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната сезона, објави специјализираниот портал за авио сообраќај “Ексјуевиејшн”.
Летовите од аеродоромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе започнат со летниот ред на летање на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Како што наведува порталот турската авиокомпанија ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.
Оваа линија Истанбул-Охрид е дел од линиите за кои Министертвото за транспорт ќе обезбедува финансиска подршка за период од 2025-2027 година, согласно јавниот повик што го објави оваа година.
На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно критериумит, финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.
За прв пат се применува моделот на субвенционирање на патници во доаѓање според кој се очекува да се зголеми бројот на патници за плус 200 илјaди на годишно ниво.
Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.
Воспоставувањето на линијата Охрид-Истанбул значително ќе влијае врз развојот на туризмот на охридско-струшкото крајбрежје.
Избор: republika.mk