Националната авиокомпанија Ер Србија, соопшти дека следното лето ќе воведе директни летови меѓу Белград и островите Сардинија и Миконос, а по пауза од повеќе од една година ќе воспостави летови и до Фиренца.
Од 18. април 2025 година ќе бидат воспоставени летови меѓу Белград и Фиренца, а од 6. јуни меѓу Белград и Миконос и од 10 јуни меѓу Белград и Алгеро на Сардинија.
Ер Србија ќе лета за Миконос и градот Алгеро на Сардинија двапати неделно со авиони Ербас А319 и Ембраер Е195, додека АТР 72-600 од регионалната флота на компанијата ќе лета за Фиренца, а билетите се веќе пуштени во продажба.
Директорот за комерцијални и стратегии на „Ер Србија“, Бошко Рупиќ потсети дека компанијата претходните години летала за Сардинија и Миконос во соработка со партнерски туристички агенции и дека тоа се чартер летови.
„Сега се создадени услови да летаме до овие две популарни дестинации во редовен сообраќај во текот на летната сезона. Дополнително, повторно ги воведуваме директните летови до Фиренца, што ќе биде нашата десетта точка во Италија до која летаме“, рече Рупиќ.