Во тековниот мандат на Европската комисија (ЕК) се поставуваат големи очекувања за станбената политика. Комисијата го назначи првиот европски комесар за енергетика и домување, а претседателката Урсула фон дер Лајен истакна дека мора „итно да се справиме со станбената криза која ги засега милиони семејства и млади луѓе“, пренесува „EU Observer“. Данскиот еврокомесар Дан Јоргенсен ќе го води првиот европски план за домување.
ЕК планира ревизија на правилата за државна помош за поддршка на станбените проекти и удвојување на инвестициите од Кохезискиот фонд за пристапни станови. Последната декада донесе раст на цените на куќите за 47%, додека 9% од населението троши над 40% од приходите на домување. Проблемот е поизразен во големите градови, каде протестите против високите трошоци стануваат се почести.
Недостигот на станови најмногу произлегува од тоа што јавните власти го препуштија домувањето на приватниот сектор, кој не ги следи социјалните потреби. Се повикува на координирана акција на ЕУ, која би вклучувала зголемено финансирање за општинските станови, зелени реновации и транспарентни правила за спречување шпекулации.
Финскиот модел како пример
Финска е еден од ретките примери каде бездомништвото е значително намалено. Клучот е пристапот „Домување на прво место“ и субвенционираните станови. Финските општини поседуваат непрофитни станбени компании кои ги градат, изнајмуваат и одржуваат становите. Финансирањето доаѓа од национални фондови, со гаранции и субвенции за камати кои траат до 40 години, со услов становите да бидат пониски од пазарните цени.
Овој модел функционира и како стабилизатор: кога приватната изградба се намалува, јавните инвестиции во станови можат да се зголемат. ЕК може да го следи овој пример, додека Европската инвестициска банка би можела да обезбеди гаранции и заеми за непрофитни проекти.
Станбената криза во Европа е проблем кој бара решенија на ниво на ЕУ.
Целат вест прочитајте ја на: denar.mk