Управата за јавни приходи со потсетување за сите кои организираат празнични прослави.
- Угостители, доколку организирате предновогодишни или новогодишни прослави и продавате влезници (резервации) или ваучери, задолжително издавајте фискални сметки при нивна продажба, согласно со Законот за регистрирање на готовински плаќања. Ако ангажирате физички лица како музичари или изведувачи, задолжително склучите договори за повремени или привремени услуги и пријавете го и платете го данокот преку системот на УЈП на https://e-ujp.ujp.gov.mk/. Стопанствениците регистрирани даночни обврзници кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи на организиран простор за прослава за претстојните празници, имаат обврска да користат одобрен фискален апарат, во доволен број, и за секоја услуга, односно за секоја продажба да издаваат фискална сметка, информираат од УЈП.
Од УЈП со порака и до потрошувачите:
- Барајте фискална сметка и чувајте ја по напуштање на објектот! Ако за доброто или услугата не ви издадат фискална сметка, имате право да пријавите на телефонскиот број 198
- УЈП врши контроли на терен. За угостителите кои нема да ги почитуваат законските обврски, веднаш ќе бидат преземени соодветни мерки, вклучувајќи издавање на прекршочни налози и забрани за вршење дејност. Физичките лица кои вршат дејност од времен карактер како дел од базари или новогодишни и божиќни настани на отворен или затворен простор, поднесете Барање за паушално плаќање на данок на личен доход за периодот додека сте ја вршеле дејноста, потенцираат од УЈП и додаваат.
- Придржувајте се кон законските обврски и бидете одговорни даночни обврзници за успешна и законска работа за време на празниците!