На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.
На 1. јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24. декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите.
Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.