Од март идната година, се воведува директна авионска линија од Скопје до Амстердам и обратно. Аеродромот „Схипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“.
Македонската и холандската престолнина за првпат се поврзуваат после пауза од 17 години, односно од 2008 година.
Билетите се веќе пуштени во продажба, а според пишувањата на „Ex yu aviation”, во јануари ќе има промотивни цени за оваа дестинација.
Извор: mk.tv.21