
Просечната нето плата во Хрватска во октомври изнесува 1.340 евра, што е номинално за 1,4% повеќе, а реално за 0,3% повеќе од еден месец претходно, додека на годишно ниво е забележан номинален раст од 13,8%, а реален од 11,4%. соопшти Државниот завод за статистика.
Највисока просечна нето плата во октомври е исплатена во индустријата за воздушен транспорт во износ од 2.206 евра, а најниска во индустријата за производство на облека од 863 евра.
Медијалната нето-плата во октомври изнесува 1.160 евра, што е за 14,4% повеќе во однос на истиот период претходната година, додека медијалната бруто-плата е 1.575 евра и е за 14,5% повисока во однос на лани.