
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот.
– На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред.
– На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред.
– На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар.
Работно време на Жичница
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.