![Скопје за неколку часа од 25-то стигна до 5-то место на листата на најзагадени градови во светот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c7/c78fe47c-resize-820x0x100.jpg)
Во рок од само неколку часа, Скопје се искачи од 25-то на 5-то место на листата на најзагадени градови во светот, а воедно стана и најзагаден град во Европа. Ова драматично зголемување на загадувањето доаѓа вечерва, кога традиционално се палат бадникови огнови низ градот.
Горењето на дрва, гуми и отпад на отворено дополнително ги зголемува нивоата на ПМ честички во воздухот, што значително ја влошува состојбата со квалитетот на воздухот. Овој проблем се повторува секоја година, а загадувањето кулминира во вечерните часови на Бадник.