Ер Србија од 11 јануари годинава ќе започне директни летови меѓу Белград и Шангај, кои ќе бидат двапати неделно, соопшти денеска компанијата.
Летовите од Белград до Шангај во зимската сезона, како и во летната сезона почнувајќи од 30 март, ќе бидат во вторник и сабота, а во спротивна насока во среда и недела.
На 30 септември годинава, Ер Србија воспостави редовен лет меѓу Белград и Гуангжу, која беше втора дестинација на компанијата во Кина, покрај Тијанџин, до кој лета од декември 2022 година.
Извор: faktor.mk