Белгиските домаќинства се издвојуваат како едни од најбогатите во Европа, според податоците од Националната банка на Белгија (НББ). Со вкупно нето богатство од 2,8 трилиони евра на крајот на 2022 година, Белгијците се значително побогати од просечните жители на еврозоната, објави „Брисел тајмс“.
Просечното богатство по домаќинство во Белгија изнесува 555.000 евра, што е речиси деветкратно повеќе од годишниот приход на едно домаќинство. Ваквите финансиски средства, како што наведува НББ, им овозможуваат на граѓаните поголема слобода во потрошувачката и инвестициите.
Во споредба со Белгија, жителите на Луксембург имаат уште поголем финансиски капацитет, бидејќи нивното нето богатство по домаќинство е еквивалентно на 13 годишни приходи.
Податоците потврдуваат дека финансиската стабилност на Белгијците ги става во врвот на најбогатите жители во Европа, обезбедувајќи им поволни услови за подобрување на животниот стандард.
Извор: racin.mk