Лондонски Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, минатата година опслужил рекордни 83,9 милиони патници, што е за 4,7 милиони повеќе од претходната година, односно шест отсто повеќе од 2023 година и три милиони или четири отсто повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година.
Оваа година аеродромските оператори очекуваат дополнителен раст до 84,2 милиони патници.
Повеќе од милијарда фунти или нешто помалку од 1,2 милијарди евра ќе бидат наменети за инвестиции оваа година, објави Heathrow Airport Holdings, чии најголеми индивидуални сопственици се шпанскиот „Ferrovial“ и Катарскиот суверен инвестициски фонд. Ова, додаваат, ќе ги подготви за иднината.
Извршниот директор на аеродромскиот оператор Томас Волдбај ја опиша 2024 година како возбудлива година. Тој истакна дека ќе продолжат да инвестираат во можностите што патниците и авиокомпаниите ги очекуваат од нив.
„Сакаме да обезбедиме уште поголема иновација за да обезбедиме добри резултати за цела Велика Британија“, рече Волдби, цитиран од германската новинска агенција dpa.