Државната компанија ЕСМ производств о на топлинска енергија бара зголемување на цената на парното греење за скопјани. ЕСМ излезе со пресметки дека во текот на лансклата година трошоците за гориво потребно за производство на топлинска енергија им се зголемени за речиси 13 отсто.
Па затоа сега бараат Регулаторната комисија за енергетика да им признае дел од овој трошок и тој да падне на грбот на граѓаните.
„ЕСМ и кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија имаат законска обврска да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до РКЕ за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона.“ - ЕСМ - ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА.
Од Регулаторната комисија за енергетика ни потврдија дека до нив е простигнато барање за зголемувасње на цената на парното. Но регулаторот вели дека тоа никако не значи дека цената би се зголемила за 13 отсто, онолку колку што и е зголемен трошокот за набавка на приропден гас на ЕСМ. Засега не можат да кажат конкретно дали и колку би се зголемила цената на парното греење во главниот град, но извесно би било тоа да изнесува неколку проценти.
Цената на парното регулаторот стасндардно ја објавува кон средината на гонината, па така во јули лани тој објави дека, цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од први август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,7 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници, односно околу 1.200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење, цената се намли за 17,3 отсто кај оние приклучени на ЕСМ, за 17,2 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика.