Дали некогаш сте се запрашале како е да се биде дел од Централната разузнавачка агенција на САД? Сите тие филмови и книги за тоа како изгледа да се биде дел од оваа народна разузнавачка служба прават секој да посака да биде дел од тимот. Според филмските сценарија и безбројните серии станува збор за место кое нуди возбудливи позиции до кои се доаѓа многу тешко.
Но, дали тоа е навистина така?
Процедурата за регрутација на ЦИА е процес во повеќе чекори. Несомнено е дека за да станете дел од неа треба да поседувате исклучителни вештини и знаења. Доколку пак, сакате да го прекинете работниот однос и да дадете отказ тоа треба да го направите со отказен рок од две недели. Кога станува збор за интервјуата, наспроти популарното мислење, прашањата кои се поставуваат се прилично едноставни и секојдневни.
Патрик, 29 годишен ветеран на ЦИА, открива кои се најпопуларните прашања кои можат да ви бидат поставени за време на интервју.
1.Зошто сакате да работите за ЦИА?
2.Споделете пример од вашето професионално или образовно искуство каде успешно се справивте со двосмислена ситуација.
3.Опишете пример кога сте биле во улога на водач и тоа завршило неуспешно. Кои беа лекциите што ги научивте?
4.На кој начин, неодамна или во моментов, им служите на другите?
5.Дадете пример за времето кога не сте биле директни или искрени. Како тоа испадна, што научивте и како истото ве промени?
Првата помисла е дека овие прашања делуваат премногу едноставно и директно како за прашања на една од најелитните организации во светот. Меѓутоа, разликата помеѓу ЦИА и било кој друг работодавач е тоа што ЦИА става многу поголем акцент на одговорите отколку на тоа прашањата да биде комплицирани и да се разликуваат од останатите.