Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека цената на парното во Скопје ќе се зголеми за 5,03%.
Главна причина за ваквата одлука се зголемените цени на гасот.
Претходно ЕСМ побара да се покачи цената на парното во Скопје. ЕСМ бараше промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh. Компанијата дополнително бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година за 12,92%.