Цената за парно греење за потрошувачите во Скопје, од 1 февруари се зголемува за 5,03 проценти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, по доставените барања на трите компании ќерки на ЕСМ, кои побараа зголемување на цената на топлинската енергија.
Ова доаѓа како резултат на порастот на цената на природниот гас, на светските берзи за 16 проценти во последниот квартал од 2024 година. Со ова зголемување, како што истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, се очекува просечната сметка за топлинска енергија да се зголеми за околу 100 денари, па така оние што досега плаќале 2.100 денари, од февруари ќе плаќаат 2.200 денари.
Парното греење во Скопје од утре поскапува за 5,03 проценти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, откако трите фирми-ќерки на АД ЕСМ, кои го презедоа бизнисот со топлинската енергија од „Балкан енерџи“, доставија зголемени трошоци што ги имаат поради поскапиот природен гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО, кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, рече дека сметките на корисниците незначително ќе се зголемат, така што оние домаќинства што досега плаќале за парно 2.100 денари, од 1 февруари, од кога ќе стартува новата цена, ќе добиваат сметка од 2.200 денари, односно покачувањето е 100 денари.
Оваа цена се однесува за корисниците на топлинска енергија од топланите „Исток“ и „Запад“, но Бислимоски истакна дека во текот на февруари и топланите во Железара и во Скопје-Север ќе поднесат барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот. Одлуката за овие потрошувачи ќе стапи во сила од 1 март.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив, 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 на железарското парно и 400 домаќинства на „Топлификација-Север“.