Во светот на автомобилските услуги, успешните приказни честопати започнуваат од најосновните позиции и се градат низ години на посветеност и труд. Таков е и примерот на Ѓуриша Мршиќ, кој својата кариера ја започна како вулканизер, а денес е одговорен менаџер на продажно-сервисниот центар во East Gate.
Ѓуриша Мршиќ е еден од оние вработени кои низ годините ја граделе својата кариера чекор по чекор, докажувајќи дека трудот, посветеноста и упорноста носат резултати.
Во 2011 година, Ѓуриша ја започна својата кариера во Мотоцентар како вулканизер. Неговото прво работно искуство го стекна во сервисот во Маџари, каде што помина два месеци, по што беше преместен во сервисот во Момин Поток. По шест месеци работа, вештините и знаењето што ги стекна го подготвија за следниот чекор – преместување во новоотворениот сервис во Нерези во април 2012 година. Таму работеше како вулканизер сè до 2017 година, кога доби можност да премине во продажниот салон во Кисела Вода.
„Тоа беше сосема ново искуство за мене, нешто поинакво од сето она што претходно го работев“, споделува Ѓуриша. По една година во продажба, во 2018 година беше унапреден на позицијата одговорен менаџер на продажно-сервисниот центар во Нерези, а во 2021 година ја доби можноста да работи како одговорен менаџер во продажно-сервисниот центар во East Gate, каде сè уште успешно раководи со истиот.
Во ова интервју, тој ја споделува својата инспиративна приказна за професионалниот развој во Мотоцентар, компанија во која работи веќе 14 години.
1. Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Мотоцентар. На која позиција почнавте да работите и како изгледаше вашиот кариерен пат до позицијата на која што сте денес?
Мојот почеток во Мотоцентар започна во 2011 година како вулканизер. Започнав со работа и обука во сервисот во Маџари таму бев 2 месеци. Потоа ме префрлија во сервисот во Момин Поток како вулканизер каде што после 6 месеци работа стекнав искуство и знаење. Во Април 2012 година се отвори нов сервис во Нерези каде што продолжив да работам како вулканизер се до 2017 година. Во 2017 година добив унапредување во продажба и ме преместија во продажниот салон во Кисела Вода каде што се стекнав со нешто ново и поинакво од тоа што сум го работел. Во продажба бев една година и веќе во 2018 година добивам нов предизвик односно ново унапредување како одговорен менаџер на продажно сервисниот ценар во Нерези, а во 2021 продолжувам како одговорен менаџер во продажно сервисниот салон во East Gate.
2. Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте како почетник во Вашата кариера?
Најголем предизвик со кој се соочив беше преместувањето во сервисот во Нерези каде што почнав да работам сам како вулканизер и сам се соочував со решавање на проблемите во текот на работата и мислам дека така и го стекнав моето најголемо искуство во работата како вулканизер.
3. Што мислите, кои карактеристики или вештини Ви помогнаа да напредувате во компанијата?
Чесна работа, упорност во работата и одговорност.
4. Како изгледаше Вашиот пат до менаџерската позиција? Дали имаше клучни моменти или одлуки што го одредија тој развој?
Додека работев во сервисот во Нерези, имав прилика да видам и да научам нешто и во делот на продажбата. Имав голема подршка од колегата Драган Петковски кој ми беше претпоставен и многу работи поврзани во делот на продажбата ги научив од него .
5. Кој е најважниот совет што го добивте од Вашите колеги или менаџери во текот на Вашата кариера?
Да бидам колегијален, да соработуваме сите еднакво, затоа што ние сме повеќе продажно сервисни центри, а сепак еден голем тим кој работи заеднички.
6. Кажете ни нешто повеќе за компанијата Мотоцентар како работодавач? Како Мотоцентар се грижи за своите вработени?
Мотоцентар е компанија која постои 30 години и јас сум дел од тимот на Мотоцентар веќе 14 години. Мотоцентар е компанија која секогаш се грижи за своите вработени, компанија која секогаш дава можност за унапредување, обука за надоградување на знаењето на вработените, компанија која секогаш знае да ги награди вработените и да им даде мотивација за работа. Компанија која секогаш им обезбедува услови за работа во најмодерно опремени сервисно продажни центри на своите вработени.
7. Како го доживеавте преминот од оперативна позиција кон менаџерска? Што беше најголемиот предизвик во тој процес?
Тоа беше еден голем успех за мене и уште поголем предизвик за постигнување нови цели.
8. Како ги мотивирате и инспирирате Вашите колеги, особено оние кои се на почетокот на нивната кариера?
Моите колеги со кои што работам ги мотивирам со моето искуство во Мотоцентар дека со посветеност на работата можат да успеат и просперираат исто како и јас.
9. Кои се Вашите совети за младите кои сакаат да напредуваат во својата кариера и да стигнат до менаџерска позиција?
Треба да вложат многу труд кон работата да го покажат нивното знаење и искуство, да бидат колегијални и тимски играчи.
10. Што би им порачале на луѓето кои се двоумат дали вреди да почнат од почетна позиција во компанијата?
Би им препорачал да не се двоумат, да почнат од позицијата на која што се, да вложат многу труд, да го истакнат своето знаење и да бидат одгворни кон работата. Само така ќе успеат многу и ќе бидат ценети во компанијата.
11. На крајот, Ве прашуваме зошто е добро да се биде дел од тимот на Мотоцентар?
Да се биде дел од тимот на Мотоцентар - значи да се биде дел од една голема и стабилна компанија која е во постојан подем и раст и која нуди големи можности за вработување.
Кариерата на Ѓуриша е инспирација за сите што сакаат да напредуваат во својата професија. Неговата посветеност и труд покажуваат дека успехот не доаѓа преку ноќ, туку е резултат на континуирана работа и подготвеност за нови предизвици. Мотоцентар останува компанија која ги поддржува и наградува своите вработени, нудејќи им можност за професионален и личен развој.
Доколку сакате да станете дел од тимот на Мотоцентар и да ја градите својата кариера во успешна и стабилна компанија, погледнете ги огласите за работа и аплицирајте уште денес!
Вулканизери - Скопје (Кисела вода, Нерези, East Gate)
линк за повеќе детали и аплицирање
Магационери - Илинден
линк за повеќе детали и аплицирање
Администратор / Продавач - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање