Хрватска беше една од првите земји во регионот што во 2021 година воведе виза за дигитални номади, препознавајќи го потенцијалот на овој начин на работа. Во Европа, многу земји го следеа овој тренд, нудејќи посебни визи за да привлечат професионалци, но условите за нивно добивање значително се разликуваат.
Хрватска бара дигиталните номади да докажат месечен приход од најмалку 2.870 евра, што е повеќе од условите во Финска или Црна Гора, но помалку од Исланд или Естонија. Дополнителен фактор што ја прави Хрватска атрактивна е тоа што номадите не подлежат на данок на доход.
Шпанија во 2025 година ги зголеми финансиските барања за својата виза – минималниот приход сега е 2.762 евра месечно. Исланд има најстроги услови, барајќи приходи од најмалку 7.075 евра месечно, додека во Естонија тој износ е 4.500 евра.
Од друга страна, Финска има едни од најниските барања, со праг од 1.220 евра месечно, додека Албанија бара 816 евра месечно и нуди можност за продолжување на престојот до пет години.
Според податоците од хрватското Министерство за внатрешни работи, оние што сакаат да престојуваат 12 месеци во земјата мора да докажат дека располагаат со 34.440 евра на својата банкарска сметка.
Со овие услови, Хрватска се позиционира меѓу земјите со средно високи финансиски барања, но останува привлечна дестинација за дигиталните номади поради поволните даночни политики и начинот на живот.
Извор: mojposao.hr