Во денешното динамично деловно опкружување, успешните компании се оние што вложуваат во своите вработени, обезбедувајќи им можности за развој и напредок. Токму таква е приказната на Мотоцентар, една од водечките компании во својата индустрија, каде што професионалниот раст и тимската работа се на прво место.
Градењето кариера во една компанија, од почетна позиција до менаџерска улога, е пат што бара посветеност, трудољубивост и континуиран развој. Во Мотоцентар – една од водечките компании во индустријата за гуми и автоделови, можностите за напредок се реалност за сите амбициозни вработени.
Разговаравме со Христијан Ѓеорѓиевски, кој од позицијата Возач/Дистрибутер напредувал до позицијата Менаџер на продажен салон во Кисела Вода, а во ова интервју ни открива кои биле неговите најголеми предизвици, клучни моменти и што е она што го мотивирало да успее.
- Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Мотоцентар. На која позиција почнавте да работите и како изгледаше вашиот кариерен пат до позицијата Менаџер на продажен салон, на која што сте денес?
Во Мотоцентар започнав да работам во 2010 година на позицијата Возач/Дистрибутер, при што во целокупниот работен стаж во траење од 15 години ја достигнав менаџерската позиција.
- Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте како почетник во Вашата кариера?
Како почетник најпрво се соочив со работа во компанија чија примарна дејност е продажба на гуми за моторни возила, при што до тој момент немав искуство со работа во ваква или друга сродна дејност, но мојата посветеност секако ми помогна во почетокот на мојата кариера, а мојата упорност и личен развој вродија со плод.
- Што мислите, кои карактеристики или вештини Ви помогнаа да напредувате во компанијата?
Сметам дека мојата трудољубивост и чесност ми помогнаа да напредувам, секако сум задоволен и од можноста и способноста истите да бидат препознаени и наградени од страна на моите претпоставени.
- Како изгледаше Вашиот пат до менаџерската позиција? Дали имаше клучни моменти или одлуки што го одредија тој развој?
Со оглед на фактот што променив повеќе позиции и тоа како што веќе напоменав, најпрво возач - односно дистрибутер, потоа комерцијалист и одговорен на возниот парк во Мотоцентар, како и поради тоа што веќе стекнав доволно искуство и знаење од работата, сметав дека е време да ги искористам моите менаџерски особености и да истапам чекор напред во градење на кариера во Мотоцентар. Несомнено, желбата да придонесам во успехот на нашата фирма доведоа до конечна одлука да започнам со вршење менаџерска позиција.
- Кој е најважниот совет што го добивте од Вашите колеги или менаџери во текот на Вашата кариера?
Најголемата поддршка ја добив од Генералниот менаџер, а и од останатите колеги што ми беше голем поттик за успех.
- Кажете ни нешто повеќе за компанијата Мотоцентар како работодавач? Како Мотоцентар се грижи за своите вработени?
Мотоцентар во основа е општествено одговорна фирма, но и покрај ова води особена грижа за своите вработени преку воспоставување на поволна работна клима. Особено важно е што кога и да се создадат услови за тоа, компанијата организира обуки, тим билдинзи, настани со помош на кои колегите можат да се доквалификуваат, да стекнат нови корисни знаења и вештини и сл.
- Како го доживеавте преминот од оперативна позиција кон менаџерска? Што беше најголемиот предизвик во тој процес?
Најголемиот предизвик беше тоа што менаџерската позиција вклучува воспоставување на меѓусебни колегијални односи со колегите, а мојата примарна цел беше успешно менаџирање со кадарот во насока на максимално искористување на потенцијалите.
- Како ги мотивирате и инспирирате Вашите колеги, особено оние кои се на почетокот на нивната кариера?
Колегите секогаш се трудам да ги мотивирам преку личен пример. Колегите кои се соочуваат со потешкотии, а особено оние кои се на почетокот на нивната кариера, во секое време се трудам да им понудам помош и поддршка кога им е тоа потребно. Освен ова, секогаш се трудам да покажам доблесност и човечност за да ги разберам и нивните потреби и проблеми што сметам дека има големо влијание на целокупната работна клима.
- Кои се Вашите совети за младите кои сакаат да напредуваат во својата кариера и да стигнат до менаџерска позиција?
Истрајност, трудољубивост, неуморна желба за успех сметам дека се особините кои неминовно водат кон успех. Постојаниот личен развој и инвестирање во своите знаења и вештини секако придонесуваат кон напредок.
- Што би им порачале на луѓето кои се двоумат дали вреди да почнат од почетна позиција во компанијата?
Сметам дека секогаш вреди да се започне од почетна позиција бидејќи знаењето што постепено се стекнува е од особено значење за понатамошен напредок. Генерално, ентузијазмот и желбата за успех со кои се оди чекор по чекор, скалило по скалило, според мене секогаш се повредни од стекнувањето на повисоки позиции без ред, односно без постепен процес.
- На крајот, Ве прашуваме зошто е добро да се биде дел од тимот на Мотоцентар?
Тимот на Мотоцентар се одликува со колегијалност, како и пријатна работна атмосфера што во денешно време во комбинација со навремена и редовна исплата на месечните примања ветува сигурност и стабилност. Секако, можноста за континуиран личен развој е она што му е потребно на секој млад и амбициозен човек, а токму тоа е можно во компанија која се грижи за своите вработени со организирање на предавања, како и други настани за стекнување на нови знаења и вештини.
Како што можеме да видиме од ова искуство, Мотоцентар не е само работно место – тоа е средина каде што вработените се чувствуваат вреднувани, мотивирани и постојано инспирирани за професионален напредок. Со силен тимски дух и можности за развој, компанијата продолжува да поставува високи стандарди во својата индустрија.
Приказната на Христијан е одличен пример за тоа како напорната работа, посветеноста и вистинската поддршка од компанијата можат да доведат до професионален успех. Мотоцентар не само што нуди стабилна работна средина, туку и активно вложува во развојот на своите вработени преку обуки, тим билдинг активности и можности за напредок. Доколку барате работно место каде што ќе се чувствувате вреднувани и ќе имате простор за личен и професионален развој, тимот на Мотоцентар е вистинскиот избор за вас!
Доколку сакате да станете дел од тимот на Мотоцентар и да ја градите својата кариера во успешна и стабилна компанија, погледнете ги огласите за работа и аплицирајте уште денес!
Вулканизери - Скопје (Кисела вода, Нерези, East Gate)
линк за повеќе детали и аплицирање
Магационери - Илинден
линк за повеќе детали и аплицирање
Администратор / Продавач - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање