Во Србија во 2024 година се продадени 27.862 нови автомобили, што е рекорд во претходните пет години. Оваа информација ја потврди генералниот секретар на српското здружение на увозници на возила и делови, Борис Ќоровиќ.
„Во проценти, може да се види дека во споредба со 2023 година е остварен раст од 10 проценти. Кога ќе ги погледнеме овие податоци на ниво на ЕУ, таму е остварен раст од 0,4 проценти, што покажува дека растевме побрзо од ЕУ во тој сегмент. Добрата вест е дека се продадени 31,7 проценти хибриди, додека дизелашите се и натаму на ниво од 18,9 отсто. Целосно електричните возила се на ниво од 1 отсто, односно во 2024 година се продадени 289 патнички автомобили со целосно електричен погон“, објасни Ќоровиќ.
Според него, на прво место се и натаму бензинците, со 45,9 отсто. Претседателката на српската асоцијација на увозници на возила и делови, Александра Ѓурѓевиќ, изјави дека претходната година била исклучително турбулентна за светската автомобилска индустрија и дека во 2024 година ширум светот биле продадени околу 65 милиони нови автомобили.