Ако се прашувате дали вашите вработени ве сакаат, тогаш веројатно сте на чекор од инвестирање во квалитетен employer brand. Но, ако сè уште не се грижите за тоа, очекувајте дека вашето работење ќе почне да слабее во наредните неколку години – а тоа сигурно не го сакате.
Односот на силите на пазарот се промени – сега кандидатите ги избираат работодавците, а не обратно. Девет од десет луѓе во вашата компанија би прифатиле да преминат кај работодавец со подобра репутација и имиџ. Истовремено, вашиот конкурент кој се грижи за својот employer branding заштедува дури 50% повеќе буџет по кандидат во процесот на селекција во споредба со вас.
Зошто е важен employer branding-oт?
Дали знаете дека платата денес е дури на трето место на листата фактори што влијаат врз одлуката за промена на работното место? Пред неа се културата во компанијата и чувството на исполнетост. Овие два елемента се основа на квалитетен employer brand. Работодавец кој се грижи за своите вработени ќе ја направи својата компанија квалитетно место за работа, ќе се погрижи секој глас во тимот да се слушне и да биде важен, ќе ги претставува компаниските вредности и со свој пример ќе докаже дека сето тоа е многу повеќе од „празни зборови“.
Всушност, employer branding е многу повеќе од разнобојни „лејзи бегови“, соби за фудбал на маса или видео игри. Тоа е процес на имплементирање вистински вредности низ целиот тим и сите нивоа на компанијата, грижа за вработените и активно слушање на нивните потреби и амбиции.
Заштедата при вработувањето е само еден од бенефитите. Компаниите што имаат развиени тимови посветени на employer branding ги задржуваат своите вработени многу подолго. На тој начин, создаваат стабилен тим што го познава брендот и активно работи на неговото градење. Дополнително, ваквите работодавци имаат многу подобар пристап до квалитетни кадри, кои со текот на времето сами почнуваат да се интересираат за отворените позиции во овие компании.