![Необичен инцидент во Норвешка: 27.000 лососи избегале од фарма – следи награда за секоја фатена и вратена риба](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/98/78106989-resize-820x0x100.jpg)
Мови, најголемата фарма за лососи во светот, рече дека една четвртина од нејзините 105.000 лососи избегале од фарма во Тромсо, северозападна Норвешка.
Тие понудија награда од околу 45 американски долари за секој уловен лосос.
Како што се наведува, од кафезите избегале околу 27.000 лососи, пренесува Гардијан.
Норвешката Дирекција за рибарство потврди дека бегството на лососот од фармата го пријавила компанијата Мови во неделата.
Тие изјавија дека оштетувањата на мрежата биле откриени во фармата Storvik V во Тромсо по бурното време.
Според Ројтерс, просечната тежина на секоја риба од јатото избегани лососи е околу 5,5 килограми.
Активистите исто така се огласија и предупредија дека оваа ситуација е „катастрофална за популацијата на дивиот лосос“.