
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нова цена на мазутот, кој од утре поевтинува за 1 денар, додека другите горива остануваат со непроменета цена.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ останува непромената – 82 денари по литар. Останува иста цената на ЕУРОСУПЕР 95 кој ќе се продава по цена од 80 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто така останува иста и ќе се продава по 74 денари по литар.
Екстралесното масло за домаќинство останува по стара цена од 73,5 денари по литар, додека мазутот ќе се продава од утре по цена од 46,2 денари по килограм, наместо досегашните 47,2 денари.
Извор: mk.tv21.tv