
Штедењето и задолжувањето кај банките во првиот месец од годинава се движеле со речиси исто темпо. Годишнот раст на вкупните депозити во јануари е 11, а на вкупните депозити 11,3 проценти.
И во двата случаи предност има домашната валута. Од 9,6 милијарди евра, колку што е износот на парите доверени од граѓаните и од компаниите, 5,3 милијарди евра се чуваат во денари. Дадена е кредитна поддршка од осум милијарди евра, од кои 4,9 милијарди евра се во денари.
Според последните податоци на Народната банка, вкупните депозити (од 592.750 милиони денари) пораснале, пред се, поради навиките на граѓаните, кои ги зголемуваат заштедите. Притоа, достигнато е ниво од 397.793 милиони денари, односно 6,46 милијарди евра. Раст има и кај депозитите на корпоративниот сектор (167.507 милиони денари/ 2,7 милијарди евра).
Иако според сумите, позадолжени се граѓаните, кредитирањето на годишна основа поголемиот стимул го добива од потребите на корпоративниот сектор. Во јануари вкупните кредити се во износ од 494.098 милиони денари, односно 8 милијарди евра, од кои на компаниите отпаѓаат 241.446 милиони денари или 3,9 милијарди евра, а на населението – 250.139 милиони денари или четири милијарди евра.a
Граѓаните најмногу се задолжуваат преку потрошувачките кредити. Меѓутоа, во јануари е регистриран пад од 0,3%. По тој основ се одобрени 128.466 милиони денари (над две милијарди евра), а нивниот годишен раст е 8,4%.
Во јануари била зголемена побарувачката на станбените кредити, па има раст од 0,5%, додека годишното поместување е за 12,7%. Овие кредити се во вкупен износ од 94.853 милиони денари (1,5 милијарди евра).
Во текот на првиот месец од годината автомобилските кредити (420 милиони денари/6,8 милиони евра) бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%.
Целата вест прочитајте ја на: Pari.com.mk