
Во последно време, многумина се жалат на појава на статички електрицитет. Често чувствуваме „пецкање“ при допир со некого, при преслекување или отворање на врата од автомобил.
Социјалните мрежи се преполни со објави од луѓе кои велат дека се наелектризирани со денови, косата им стои исправена, а при секој допир има искри. Оваа непријатна појава може да предизвика и неудобност, бидејќи облеката се лепи за телото, а при допир постојано се чувствува електрицитет. Но, зошто токму сега овој проблем е толку чест?
Стручњаците објаснуваат дека виновно е годишното време.
Според информациите на spectrumlocalnews.com, во студените периоди во воздухот има многу помалку влага, што го прави посув. Влагата, односно водената пареа, е одличен проводник и обично го апсорбира вишокот наелектризирање. Но, во зимските месеци, кога нема доволно водена пареа, електрицитетот се таложи на нас – на облеката, косата и другите површини.
За среќа, постојат неколку едноставни трикови со кои може да го намалите овој ефект.
Астрофизичарката Тијана Продановиќ открива еден лесен начин за да се ослободите од пецкањето:
„Зголемете ја влажноста во просторијата“, препорачува таа во својот TikTok пост.
Дополнително, можете да направите топче од алуминиумска фолија и да го ставите во машината за сушење заедно со облеката. Алуминиумската фолија делува како проводник и помага во неутрализирање на статичкиот електрицитет во сушарата.