
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вчера на 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.
По 12 години пауза, Скопје се поврзува по воздушен пат со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ.
Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела.
Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.
Извор: mk.tv21.tv