
Државниот завод за статистика информираше дека бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања - Стручњаци и научници.
Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2 074 слободни работни места, Елементарни занимања,1 638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1028, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 851, Техничари и сродни занимања, 1 016, Службеници, 744. Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.
Како што објави ДЗС, во четвртиот квартал лани стапката на слободни работни места изнесува 1,93 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,47 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,13 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 проценти.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,72 проценти
Претседателот на ССМ и во оваа прилика рече дека работниците денес можеби немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со некои синдикалци кои работат на нивна штета и минималната плата да не се зголеми. Воедно потсети дека минималните плати во регионот се движат од 457 до 800 евра.