
Германската банка „Дојче банк“ планира да отпушти околу 2.000 вработени годинава во рамки на својата стратегија за намалување на трошоците, пренесе ДПА.
Банката, исто така, планира дополнително да ја намали мрежата на филијали, потег што го следи трендот на намалување во последните години.
Тој додаде дека трошоците поврзани со кратењето на работните места веќе се пресметани.
„Дојче банк“ го префрла својот фокус на дигиталното банкарство, планирајќи да ги зголеми видео и телефонските консултации за приватни клиенти, додава ДПА.
Извор: nezavisen.mk