Не постојат толку многу шеги на сметка на вработените во човечки ресурси, но оваа не само што го зема бисквитот, туку и покренува голем број прашања за начинот на привлекување на кандидати!
Регрутерот Б. Томас, на својот LinkedIn профил сподели една од најдобрите шеги што ќе ги чуете за некој што работи во човечки ресурси. Па, погледнете за што се работи во продолжение.
Еден менаџер за човечки ресурси трагично настрадал откако бил прегазен од автобус. Неговата душа пристигнала пред рајските порти каде Свети Петар ја пречекал велејќи го следново: “Имаме мал проблем... видете, ние никогаш претходно не сме имале менаџер за човечки ресурси така што не сме сигурни што да правиме со вас“.
“Ох, разбирам“, кажал HR менаџерот, “не можете ли само да ме пуштите?“
“Па, јас би сакал да ве пуштам“, рекол Свети Петар, “Меѓутоа, имаме повисоки наредби од горе. Наложено ни е да ви овозможиме да поминете по еден ден во пеколот и рајот, а потоа вие да одберете каде би сакале да одите за сета вечност“.
“Всушност, уште веднаш ќе ви одговорам дека сакам во рајот“, брзо одговорил HR менаџерот. “Жалам, имаме правила ...“ одговорил Свети Петар и го испратил менаџерот за човечки ресурси до лифтот кој води долу до пеколот.
Како што се отвориле вратите од пеколот, HR менаџерот се пронашол себеси на прекрасен терен за голф, опкружен со многу пријатели, претходни колеги и директори, сите убаво облечени, среќни и весели за неговото пристигнување.
Откако одиграле една совршена рунда голф, тие се упатиле кон голф клубот каде што заеднички уживале во извонредниот бифтек и јастог.
На крајот, тој се сретнал со ѓаволот (кој всушност изгледал поприлично убаво) и со него имал одличен разговор надополнет со неколку добри шеги.
Пред да замине, сите му мафтале со рацете за збогум додека HR менаџерот чекорел кон лифтот кој ќе го врати во рајот каде го чекал Свети Петар. “Сега е време да поминеме еден ден во рајот“, рекол тој.
Така, тој ги поминал следните 24 часа излежувајќи се на облаците, пеејќи и свирејќи на харфа, што било пријатно речиси како неговиот ден во пеколот. На крајот на денот, Свети Петар се вратил и му се обратил на HR менаџерот “Значи“, рекол тој, “помина еден ден во пеколот и еден ден во рајот“. “Мора да избереш помеѓу овие две“.
Тој помислил неколку секунди и одговорил: “Па, рајот е дефинитивно прекрасен, но јас си поминав многу подобро во пеколот. Го избирам пеколот“.
По ова, Свети Петар повторно го повикал лифтот и HR менаџерот се упатил кон пеколот. Кога се отвориле вратите на лифтот, тој се пронашол себеси како стои среде пустелија покриена со ѓубре и нечистотија. Тој ги виде и неговиоте пријатели, кои сега биле облечени во партали, кои земале ѓубре и го ставале во стари вреќи. Се приближил ѓаволот и ја ставил раката околу него.
“Не разбирам“, извикал HR менаџерот. “Пред некој ден бев тука и имаше терен за голф и голф клуб. Јадевме јастог и танцувавме. Сега се е само валкана пустелија со ѓубре, а сите мои пријатели изгледаат мизерно“.
Ѓаволот едноставно го погледнал и му се насмевнал: “Вчера регрутиравме, денес си вработен“.