Најпопуларната, но и најконтроверзната социјална мрежа на планетата Facebook воведе новина која беше инспирирана од Reddit – интернет заедница каде популарноста на објавите се мери по принцип на гласање.
Настојувајќи да создаде добар имиџ во очите на корисниците, „Фејсбук“ воведе функција која го направи „Редит“ тоа што е, а тоа е состав на гласање, кој наместо лајк и дислајк на објавите и коментарите, има глас надолу и глас нагоре.
Пробниот полигон за новата функција се Соединетите Американски Држави, а од неодамна и Австралија и Нов Зеланд. Новата алатка се користи за јавни објави и коментари. Од „Фејсбук“ инсистираат дека не станува збор за „дислајк“, иако може да се донесе сосема спротивен заклучок.
Со воведувањето на гласањето „Фејсбук“ сака да ги поттикне корисниците да дадат негативна оцена кога ќе наидат на лош коментар. Како корисниците ќе го користат сето ова, ќе дознаеме наскоро. Всушност, ако идејата успеала на „Редит“, зошто не би успеала и на „Фејсбук“?