Заминувањето на своите работници во странство, источноевропските земји се обидуваат да го надоместат на ист начин како и земјите од Западна Европа: привлекување на работна сила од посиромашните земји во соседството или, ако нив ги нема доволно, со вработување на работници од Африка и Азија.
Најсиромашните членки на ЕУ – Бугарија и Романија се лидери во увозот на работна сила од Виетнам, Индија, Турција, Непал, Кина, Мароко и Бангладеш... додека пак другите земји кои се спремни да платат поголеми плати, се насочуваат кон нивните најблиски соседи. Така, Украинците, Молдавците, Србија и граѓаните на БиХ се признати како пожелна работна сила за сите напредни транзициски држави.
Повеќе од еден милион Украинци ги пополнуваат празнините на пазарот на труд во Полска, Молдавците доаѓаат во Романија и Бугарија, а Чесите и Унгарците се борат за Србите, додека, Босанците се првиот избор на Хрватска и Словенија, откаде што пристигна и веста дека една компанија од автомобилската индустрија вети стимулација од 250 евра за секој кој ќе донесе или препорача нов работник.
Слични стимулации веќе долго време се исплаќаат во Полска. Оваа година Хрватска стана прилично агресивна во тргата за работниците, давајќи зелено светло за 50.000 нови работни дозволи, за разлика, на пример, од Романија, чија влада дозволи само 20.000 нови работни дозволи за странци.
Сите, се разбира, прво се обидуваат да ги користат сопствените ресурси, а покрај студентите и пензионерите, некои земји, на пример, вработуваат дури и затвореници. Чешките индустријалци на работниците им нудат дополнителна недела за годишен одмор и задолжителна дневна пауза, додека пак, автобраншата во Словачка ветува отпремнина по 2 месеци работа. Словачките компании негуваат семејна култура па затоа жените на работниците имаат приоритет при вработување, а некогаш работниот ангажман се договара во пакет.
Најново, Ројтерс пишува за подружница на мултинационална компанија во Бугарија која нуди 2500 евра годишни бонуси, масажи, бесплатен фитнес... и многу други бенефиции се со цел да го привлече потребниот кадар.