Управата за јавни приходи преку јавна аукција ќе продава движни и недвижни предмети. Право на учество ќе имаат сите оние кои ќе се регистрираат и ќе уплатат депозит во висина од 10% од утврдената вредност најдоцна до 19 (вторник) февруари.
Стварите ќе се продаваат по систем видено-купено, а дополнителни рекламации нема да се примаат. На распродажбата се нудат автомобили како Ауди 80 за 70.000 денари, Опел Корса за 74.000 денари и Мерцедес за 83.300 денари.
На аукцијата ќе се наддава и за камини, телевизори, компјутери, монитор и маси.
Целoсната листа на предмети кои ќе бидат дел од аукцијата можете да ја погледнете на официјалната веб страница на УЈП.