
До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време.
Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег.
За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.
извор: kurir.mk