Доколку ја разгледувате можноста да се преселите во Канада, ви ја нудиме листата со најбарани професии.
Како што претходно „Business Insider“ објави, системот за имиграција во Канада наречен Express Entry е можеби најбрзиот начин за квалификуваните работници да транзитираат во земјата. Канадската Влада се обврза за период од шест месеци да спроведува обработка на апликациите.
Сите апликанти за „Express Entry“ се бодуваат врз основа на фактори како: вештини, работно искуство, јазични способности и образование, а потоа се рангираат.
Со стартување на програмата во 2015 година, Канаската влада соопштува дека над 31.000 барања за постојан престој биле издадени на различни видови на квалификувани имигранти.
Според Канадската влада ова се професиите, за кои се поттикнуваат квалификуваните работници да аплицираат за постојан престој во Канада почнувајќи од 3 Јануари 2016:
10. Финансиски и инвестициски аналитичари
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 446
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 1.4 проценти
09. Финансиски ревизори и сметководители
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 494
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 1.6 проценти
8. Графички дизајнери и илустратори
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 550
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 1,8 проценти
7. Супервизори во мало-продажба
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 669
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 2.2 проценти
6. Универзитетски професори и предавачи
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 745
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 2,4 проценти
5. Компјутерски програмери и интерактивни медиумски програмери
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 935
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 3 проценти
4. Софтверски инженери
Број на успешни апликанти на „Express Entry“: 940
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 3 проценти
3. Аналитичари и консултанти по информациони системи
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 1.255
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 4 проценти
2. Готвачи
Број на успешни апликации на „Express Entry“: 2,295
Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 7.4 проценти
1. Супервизори за услуга на храна
Извор: Скопје24