Без оглед на тоа како го дефинирате лидерот, повеќе од јасно е дека добриот лидер има футуристичка визија и знае како да ги претвори своите идеи во успешна приказна.
За да се биде добар лидер треба да се поседуваат одредени квалитети кои ќе ве истакнат од останатите. Доколку ги немате, тогаш борете се да оставите свој белег во светот на лидерството преку поставување на добар пример за останатите да можат да го следат во иднина.
Според одредени истражувања, ова се 10-те работи што добриот лидер треба да ги поседува:
Искреност и интегритет
Ова се две важни работи без кои добриот лидер не може. Држењето до своите вредности и основни верувања се нешта кое не смеат да недостасуваат.
Самодоверба
Доколку не сте сигурни во вашите сопствени одлуки и особни, тогаш како ќе очекувате другите да ве следат и почитуваат? Како лидер, покажувањето одреден степен на самодоверба значи дека сте доволни сигурни во тоа што го правите.
Способност да ги инспирира другите
Веројатно најтешката работа на еден лидер е да ги убеди другите да го следат. Тоа може да биде возможно само доколку ги инспирирате вашите следбеници преку поставувањето на добар пример. Кога станува тешко, тие ќе видат како реагирате на ситуацијата. Доколку се справите добро, тие ќе ве следат. Како лидер, позитивното размислување и позитивниот пристап треба да бидат видливи преку вашите постапки. Останете мирни под притисок и одржувајте го нивото на мотивација.
Посветеност
Кога вашите соиграчи ќе видат дека не се плашите да ги "извалкате" рацете, тие ќе сакаат да го дадат најдоброто од себе.
Добар комункатор
Дококу не можете ефективно да комунцирате со вашиот тим, вие никогаш нема да можете да бидете добар лидер. Зборовите имаат моќ да ги мотивираат луѓето и да ги натераат да го направат дури и незамисливото. Доколку паметно ги користите зборовите вие лесно ќе постигнете одлични резултати.
Одговорност
Добриот лидер зема малку повеќе од вината и малку помалку од заслугата е реченица што совршено би опишала зошто превземањето одговорност е нешто без кое не може ниту еден добар лидер. На овој начин вие создавате одредена почит кај вашите следбеници.
Желба за колаборација
Факт е дека ниту еден лидер не може се да постигне сам. Поради тоа, од голема важност е лидерот да се фокусира на клучните одговорности, а другите обврски да ги довери на останатите. Микроменаџирањето би предизвкало недостаток на доверба и неможност да се фокусирате на важните прашања.
Креативност
Креативното размислување и постојаната иновација е она што ве прави вас и вашиот тим да се издвоите од толпата. Размислувајте "надвор од кутијата" и претворете ги вашите идеи и цели во реалност.
Емпатија
Лидерите треба да развијат емпатија со своите следбеници. За жал, повеќето лидери го следат диктаторскиот стил и сосема ја занемаруваат емпатијата. Поради ова, тие не успеваат да остварат поблиска врска со останатите.
Способност за брзо донесување одлуки
Добриот лидер треба да има способност да ја донесе вистинската одлука во вистинското време. Одлуките донесени од страна на лидерите имаат големо влијание врз масите. Лидерот треба добро да размисли пред да донесе одлука, но откако ќе ја донесе одлуката тој треба да застане позади неа.