На кој вид му припаѓаат досадните луѓе од вашето работно опкружување? Слободно надополнете ја листата во коментар
Ова се најчестите четири видови на луѓе кои се многу досадни, а ги има во секоја канцеларија. Прочитајте ги советите за справување со нив.
Конкурентни - оние кои ги крадат вашите проекти
Стратегија за преживување: Вратете ги во минатото така што ќе пронајдете некој проект каде што не биле толку брилијантни. Избегнувајте директни судири.
Тужибаби и оние кои постојано се жалат
Следниот пат кога ќе ви кажат: „Нема да ви успее“, прашајте ги зошто, на тој начин ќе ги принудите да бидат повеќе конструктивни и да се заинтересираат за проектот. Ако ги наведете да се ангажираат за нешто, вашата популарност ќе се зголеми.
Збунет шеф
Направете ја вашата комуникација формална. Разјаснете што се очекува од вас и инсистирајте на комуникација преку меил, за да имате и пишан доказ од се.
Озборувач
Искористете ги за добивање на важна информација. Никогаш не бидете негативни со нив, бидејќи тие се одмаздливи.